23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПоттикнувајте се така што ќе го славите секој мал успех, секоја мала...

Поттикнувајте се така што ќе го славите секој мал успех, секоја мала победа

Finding-Passionate-Work

Дали прославувате кога ќе ја завршите целата работа? Дали се наградувате себе си кога ќе ги постигнете целите, како малите, така и оние големите?

Терапевтот Тери Кол вели дека доста нејзини клиенти кои се фокусирани на успехот, премногу размислуваат за иднината, заборавајќи притоа да го ценат моментот во кој се наоѓаат: „Секогаш ќе постојат цели кои ќе чекаат да бидат остварени, но без моментите на радост и среќа за целите кои веќе сте ги оствариле, животот може да стане затворен круг во кој вечно ќе се стремите кон нешто“.

Лицата кои се труделе и ги достигнале своите цели потребно е да се наградат или да го прослават тоа на свој начин, во спротивно постојаното залагање за нешто без да се ценат самите себе си може да предизвика досада, огорченост и незадоволство.

Не дозволувајте постојано да трчате во животот како да се натпреварувате со часовникот со цел да постигнете што повеќе во текот на денот, оставете малку време за себе, застанете и одморете се. Славете ја секоја мала победа и секој мал успех и на тој начин вратете си ја силата и инспирирајте се за нови постигнувања. Кол вели: „Премногу луѓе не си дозволуваат прекрасна вечера, нов фустан или одмор за некоја посебна прилика. Јас се трудам мојот живот да го живеам како секој ден да е посебна прилика, бидејќи тоа всушност е така. Доколку живеете на овој начин, животот ќе ви биде позначаен и порадосен.

Славете се себе си, но славете ги и другите. Кога вашиот партнер, пријател, колега или вашето дете, постигне нешто што можеби на прв поглед е безначајно, дадете му признание. Потрудете се да си направите мали славенички ритуали кои постојано ќе ги применувате, поделете ги со вашите блиски и разубавете го вашиот живот, тоа е најголемата мотивација за постигнување на понатамошните цели и достигнување на успехот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП