28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТоп 10 најглупави мобилни апликации

Топ 10 најглупави мобилни апликации

apli pla

Веројатно сте слушнале за новата мобилна апликација „Peeple“, која излезе пред неколку дена и со која можете да ги оцените луѓето, слично како што порано правевме со хотелите и рестораните кои ги посетуваме.

Таа стана муза на весникот „Индипендент“ да ја состави листа на десетте најглупави апликации до кои ни дава пристап нашиот смартфон.

1. „Peeple“ – Веќе може да дадеме онлајн оценка на ресторани, хотели, филмови и владини институции, па поради тоа изненадувачки за апликацијата „Peeple“ е што дава можност за оценување на луѓе и дека никој досега немал храброст да лансира нешто слично.

2. „I am Important“ – апликацијата е создадена во 2011-та година, за да ги натера луѓето да се чувствуваат важни преку создавање на лажни контакти на познати личности или измислени настани, на кои сте поканети.

3. „Will you marry me?“ – Кој воопшто сака да ги советува луѓето како да понудат брак. Па, ако немате идеја како да ја побарате раката на партнерот, оваа апликација е за вас.

4. „Send me to heaven“ – апликација која пресметува колку високо може да го фрлите телефон. Интересно е дека можете да го споредите вашиот резултат со други „играчи“. Апликацијата беше избришана од „Apple App Store“, но останува достапна за корисниците на „Android“.

5. „Tweetpee“ – револуција за родители! Апликацијата „надушува“ кога детето ќе ја наполни пелена и веднаш праќа твитови до родителите. Имате можност веднаш да ја проследите пораката до друг. Можеби сензорот со кој работи апликацијата е револуционерен од техничка гледна точка, но тешко некој сака да знае кога детето врши нужда.

6. „Electric razor simulator“ или апликација која го претвора телефонот во електричен брич. Без коментар.

7. „iAmAMan“ – глупаво е маж да го следи менструалниот циклус на жената со апликација. Можеби е корисно за семејствата кои сакаат да станат родители, но и покрај тоа е глупаво. А еве и опис на функциите на апликацијата: го следи циклусот на девојката, го следи циклусот на пријателките, овозможува лозинка за таен пристап, овозможува лозинка за секоја девојка, повици преку кликнување на името.

8. „Ghost Radar“ или „радар за духови“. Ниту еден корисник досега нема барано духови.

9. „Hold on“ – една од апликациите кои можеби заслужија повисоко место во рангирањето заради целосната „никаква смисла“. Апликацијата мери колку долго можете да го држите прстот на екранот, без да го тргнете.

10. „I am Rich“ – апликација која чини 599 долари и нејзината единствена функција е да им покаже на луѓето дека можат да си ја дозволат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП