19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина шведскиот писател на крими романи Хенинг Манкел

Почина шведскиот писател на крими романи Хенинг Манкел

hening-mankel

Хенинг Манкел, најпознатиот шведски писател на криминалистички романи, креатор на детективот Курт Валандер, почина на возраст од 67 години, потврдија неговите издавачи.

Манкел, кој боледуваше од рак, откриен пред година и пол, почина мирно во својот дом во западниот шведски град Гетеборг, во недела вечер, соопшти издавачката куќа Леопард, на нивната веб страна.

Неговите десетици новели за шведскиот детектив Курт Валандер, се продадени во повеќе од 40 милиони копии низ целиот свет, а беа преведени на 40-тина јазици.

За Валандер, детективот кој работи во јужниот шведски град Истад, снимена е серија, како на шведски така и на англиски јазик, а во верзијата на BBC, детективот го игра актерот Кенет Брана.

Манкел, исто така, има напишано бројни детски претстави и книги, а во 1996 година, награден е со Астрид Линдгрен наградата за пишување детска литература

Манкел беше женет за Ева Бергман (70), ќерка на славниот шведски режисер Ингмар Бергман, а имаа син Јон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП