23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави деловната активност во еврозоната

Забави деловната активност во еврозоната

evrozona1

Деловната активност во еврозоната во септември падна повеќе отколку што беше проценето, така што се зголеми загриженоста во поглед на перспективите на економскиот раст на тој блок.

Ревидираниот индекс на Маркит за менаџерите за набавка (ПМИ) за деловниот сектор на еврозоната во септември се намали на 53,6 поени, во споредба со претходно соопштените 53,9 поени, велат од британската истражувачка компанија Маркит.

ПМИ во август изнесувал 54,3 поени, што е значително над границата од 50 поени која го одделува падот од растот на деловните активности, пренесува Франс прес.

Најновите податоци, според зборовите на главниот економис на Маркит, Крис Вилијамсон, говорат дека економијата на еврозоната во третиот квартал ќе порасне за 0,4 проценти, со ист обем како и во претходните три месеци, заклучно со месец јуни.

„Сепак, неуспехот на економијата да земе замав во текот на летото е разочарувачки за Европската централна банка (ЕЦБ), а особено тоа што интензитетот за отворање на работни места падна на осум-месечен минимум“, изјави Вилијамсон.

„Забавувањето на темпото на деловните активности во септември го зголемува ризикот од дополнителното намалување на растот во четвртиот квартал, што за возврат ќе ја зголеми веројатноста за дополнителни поттикнувања на ЕЦБ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП