28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбрзото Sandero нема да се вози во Европа (фото+видео)

Најбрзото Sandero нема да се вози во Европа (фото+видео)

sandero rs

„Renault“ во автомобилската индустрија го врати концептот на евтин спортски автомобил. Вметна 150 „коња“ во моделот „Sandero“ и им го понуди на купувачите во Латинска Америка за помалку од 15.000 евра.

На бразилскиот пазар пристигна „Renault Sandero R.S. 2.0“ кој треба да се покаже како спортски автомобил и немора да биде привилегија исклучиво за побогатите клиенти.

sandero rs1

Возилото кое по нашите патишта го гледаме во „питома“ форма е со ознаката на „Dacia“, доби третман од експертите од „Renault Sport“ одделението.

Обичниот мотор е заменет со 2.0 литарски атмосферски бензинец кој развива 150 ks, a за преносот на моќта на тркалата е употребен шестбрзински мануелен менувач.

sandero rs2

Оваа комбинација овозможува „Sandero R.S. 2.0“ oд 0 дo 100 km/h да забрза за 8 секунди и да достигне максимални 202 km/h.

Производителот истакнува дека за забрзување од 80 km/h дo 120 km/h во петта брзина му се потребни 7,3 секунди, a само 5,9 секунди во четвртта.

sandero rs3

Подобрените сопирачки го намалуваат патот за застанување при бризна од 100 km/h нa 37,4 метри.

Покрај моќниот мотор и сопирачки, „Sandero R.S. 2.0“ од стандардната верзија се разликува и по специјалните 17-инчни бандажи, задниот дифузор и спојлер, двојната издувна цевка…

sandero rs4

„Renault Sport“ има модифициран систем на суспензија, а со притискање на „RS“ копчето возачот може да избере еден од трите режими на возење: „Standard“, „Sport“ и „Sport Plus“, oд кои последниот е наменет за тркачка патека.

За жал на европските вљубеници во спортските автомобили, „Renault“ засега нема во план овој модел да го понуди на Стариот континент под знакот на „Daсiа“. Но не се знае, можеби во иднина ќе се предомислат.

Во меѓувреме, „Sandero R.S. 2.0“ пристигна во бразилските продажни салони каде може да се купи по почетна цена од 13.400 eвра:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП