25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВело маратон ‘Тура преку Слива’

Вело маратон ‘Тура преку Слива’

tura sliva

По вторпат во неделата се одржа велосипедската тура „Тура преку Слива“ на која учествуваа околу стотина учесници од регионот. Беспрекорно организирана тура, патеката одлично маркирана.

„Рекреативниот настан ‘Тура преку Слива’ се одржува по вторпат, мило ми е што се собравме во олку голем број, патеката движи преку познатиот превој Мариово – Слива, а завршува во центарот на Прилеп околу 16 часот. Во организација е на Здружението на љубители на ридско-планински активности, Локалната самоуправа и Прилеп – култура, истакна Душко Димоски, претседател на Здружението“.

Локална самоуправа на Прилеп во својата определба за постојано подржување на ваквите настани, па оваа година и градоначалникот Маријн Ристески зеде учество на велоисипедската тура. Покрај тоа, за сите учесници со пополнување на изјавата за учество беше обезбедени бесплатен појадок и ручек.

„Како локална самоуправа, секогаш ги поддржуваме овие велосипедски тури, кои во повеќе наврати се случуваат во различни делови од нашата општина, а оваа е една од поубавите и поголемите тури. Мило ми е што оваа година се организира од прилепското здружение на велосипедисти, па ние од Локалната самоуправа ја подржуваме и лично со учество“, истакна Ристески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП