29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRolls Royce укинува 400 работни места

Rolls Royce укинува 400 работни места

20151005114057_329041

Британската компанија „Rolls Royce“ најави денес дека до крајот на наредната година ќе укине дополнителни 400 работни места во одделението за бродоградба, што е најновиот потег во обидите на компанијата тоа одделение да го направи поефикасно, пренесува Ројтерс.

Одделението на „Rolls Royce“ за бродоградба, кое во голема мера зависи од клиентите од нафтениот и гасниот сектор, во последната година и пол се наоѓа под голем притисок, со оглед на тоа што цената на нафтата од типот „бренд“ е на шестгодишен минимум, а голем број на нарачки е откажан, пренесува Ројтерс.

Најновото укинување на работните места, како што се наведува во соопштението на компанијата, ќе донесе годишна заштеда од 40 милиони фунти. „Rolls Royce“ уште во месец мај најави укинување на 600 работни места во истото одделение, кое има вкупно 5,800 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП