24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДруловиќ ги повика Стјепановиќ и Несторовски

Друловиќ ги повика Стјепановиќ и Несторовски

rep trening

Селекторот на фудбалската репрезентација, Љубинко Друловиќ одлучи да ја засили конкуренцијата во најдобрата селекција со приклучување во тимот на напаѓачот на Интер Запрешиќ, Илија Несторовски и фудбалерот од средниот ред на ОФК Београд, Остоја Стјепановиќ.

Македонската репрезентација подготвките за последните два натпревари во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во Франција, во кои противници ги има националните тимови на Украина и Белорусија, ќе ги започне во понеделник (18 часот).

„Никола Глигоров има повреда, сè уште не е дефинитивно јасно дали тоа ќе го спречи да ни помогне во подготовките и на натпреварите, но многу веројатно е дека нема да може максимално да се стави на располагање на тимот. Затоа решивме да го повикаме Остоја Стјепановиќ како една квалитетна алтернатива на таа позиција. Од друга страна, Илија Несторовски заслужува шанса да се бори за место во репрезентативниот тим по добрите игри во Хрватска и голгетерската форма“, изјавил за интернет страницата на ФФМ, селекторот Друловиќ.

Македонија на 9-ти октомври во Скопје ќе ја пречека Украина, а три дена подоцна ќе гостува во Белорусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП