20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдна третина од приходите на телекомите до 2020-та година ќе се од...

Една третина од приходите на телекомите до 2020-та година ќе се од новите дигитални услуги

telefonistki33

До 2020-та година 34% од приходите на телекомуникациската индустрија ќе доаѓаат од новите дигитални услуги, се наведува во извештајот „The transformation of Telecomunication Industry“ на „SAP“, претставен во рамките на „SAP Telco Day“ во Виена.

Според податоците на „IDC“ се очекува до 2018-та година приходите на индустријата да достигнат 164 милијарди долари.

Истовремено телекомуникациите трпат голем број на промени. 94 проценти од високите менаџери во телекомуникациската индустрија веруваат дека овие промени значително влијаат на нивниот бизнис.

„Живееме во ерата на невидена глобална промена и давателите на комуникациски услуги се поблиску до суштината на сето ова“, посочуваат од „SAP“.

Според извештајот секој ден се генерираат 5,2 милиони GB мобилни податоци во светот. Влијанието на овој огромен проток на информации и како операторите се справуваат со него го прави бизнисот уште посложен. Но исто време им дава нова власт на компаниите над нешто што предизвикува дебата во последно време – корисничките податоци.

„Дигиталната економија исто така ќе има огромно влијание врз телекомуникациската индустрија. Речиси 50 милијарди уреди во светот се очекува да бидат поврзани со интернет до 2030-та година, како дел од Интернет на нештата. А 90% од овие податоци се очекува да бидат хостирани од страна на давателите на комуникациски услуги“, велат од „SAP“.

Ова може да им обезбеди на компаниите нови деловни можности. Истовремено, тие ќе играат клучна улога за развојот на Интернет на нештата и поврзувањето на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП