28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia ќе привлекува клиенти со хибриден кросовер

Kia ќе привлекува клиенти со хибриден кросовер

hib kia 001

„Kia“ има намера да интервенира сериозно во битката кај хибридните модели, па во средината на 2016-та година ќе претстави свој кросовер. Неговите испитувања одат со полна пареа, тврди весникот „Autoexpress“, а притоа презентира свое видување за тоа како ќе изгледа автомобилот.

На изглед новиот „SUV“ на Корејците се доближува до новата генерација на кросоверот „Sportage“, иако ќе биде со помали димензии од него. Во внатрешноста сепак дизајнерите на брендот се одлучиле на друг модел на марката – седанот „Optima“.

Шефот на маркетинг одделот на „Kia“ – Спенсер Чо, прецизира дека хибридниот „SUV“ ќе биде адресиран кон потенцијалните купувачи на „Toyota Prius“ кои бараат економичен и практичен автомобил, но не им се допаѓа дизајнот на јапонскиот модел.

hib kia 002

Кросоверот на Корејците е изграден на целосно нова платформа и ќе се движи со помош на хибриден агрегат составен од 1,6-литарски бензински мотор и електромотор. Податоци за нив засега не се објавени, останува тајна и на каква трансмисија ќе се потпира идниот модел.

Истовремено со хибридниот „SUV“ компанијата ќе претстави и компактен кросовер, кој ќе се натпреварува со „Nissan Juke“. На изглед тој ќе се доближува до концептот „Niro“ прикажан во 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП