29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИZ5 на SONY ја има најдобрата камера на пазарот

Z5 на SONY ја има најдобрата камера на пазарот

so kamera

Трката кај камерите на смартфоните продолжува со полна пареа. Од компанијата за тестови на сензорите за фотографирање, „DxOMark“, изјавија дека новиот модел на „Sony“ – „Z5“ се одликува повторно со најдобрата камера на пазарот.

На крајот на август компанијата изјави дека сензорите на „Sony“ – „a7R II“ биле најдобрите кои досега ги имаат тестирано. Компанијата објави ново истражување, според кое моделот „Z5“ повторно се одликува со најдобрите сензори на пазарот.

Сензорите на камерата на моделот „Xperia Z5“ добиле генерална оценка во тестот од 87 поени. За споредба моделите на „Samsung“ – „Galaxy S6“ и „Edge“ добиле 86 поени, а моделот „Google Nexus 6P“ добил 84 поени.

so kamera1

Моделите „iPhone 6“ и „6 Plus“ добиле 82 поени, додека сензорите на камерите на новите модели на „iPhone“ – „6S“ и „6S Plus“ уште не се тестирани.

Според извештајот на „DxOMark“ смартфонот „Xperia Z5“ се одликува со највисок рејтинг не само при фотографирањето на слики, туку и при снимањето на видео содржини. 23-мегапикселната камера на „Sony“ се одликува со најдобар автофокус при секакви услови и многу добар баланс на белата боја во повеќето ситуации. Добриот блиц дава можност за детали на фотографиите и „минимален шум“.

Во однос на видео-снимањето од „DxOMark“ коментираат дека функцијата за оптичка стабилизација на „Sony“ е далеку пред онаа на конкурентите. Исто така постои добар автофокус и ниско ниво на бучава, добар баланс на белата боја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП