25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомашниот бизнис има ќар од странските компании

Домашниот бизнис има ќар од странските компании

aaf

Расте бројот на македонски компании кои активно соработуваат со странските директни инвеститори. Во моментов, повеќе од 500 домашни компании соработуваат со странските инвеститори.

Експертите велат- користа е двострана. За домашните компании тоа ќе значи повеќе работа, трансфер на знаења и нови технологии, нови стандарди, како и зголемена конкурентност и секако можност за извоз на странски пазари. Странските компании добиваат пониски трошоци за набавка и побрзо време на испорака. Резултатот е раст на економијата и креирање на работни места. Засега, домашните компании од соработката со странските инкасирале околу 30 милиони евра.

„Соработката меѓу странските инвеститори и македонските компании е на доста добро ниво, се надеваме дека истата ќе продолжи и во периодот кој што следи, бидејќи бројот на странските комапнии, и според најавите на владата, секој ден се повеќе и повеќе се зголемува. Домашните компании тука го гледаат оној момент на додадена вредност кој се има со влегувањето на странските компании, тоа е онаа меѓусебна соработка која би произлегла меѓу странскиот инвеститор и домашните компании“, вели претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

Соработката, според познавачите на пазарот, најчесто е во областа на услужните дејности. Странците ги користат услугите, сервисот на домашните компании. Во периодот што следи прогнозите се дека соработката ќе се унапреди, и тоа во поголем дел од секторите во Македонија.

 

Кои се придобивките?

-Странските компании произведуваат производи со повисока технолошка вредност и производи кои што не се произведувале во нашата земја

-Странските компании имаат креирано преку  13.500 работни места

-30 милиони евра заработиле домашните компании од соработката со странските

Домашните компании низ текот на годините покажале дека навистина се квалитетни, а исто така се многу конкурентни во своето работење.

„Треба да се воспостави иницијалниот линк во однос на тоа што се им е потребно на домашните инвеститори, дали суровина, дали било која друга услуга или производ која ним им е потребна во работата и како македонските компании би одговориле на истото. Клучот е во квалитетот и конкурентноста, а македонските компании во секој случај тоа го имаат“, нагласува Арсовска.

Користа од доаѓањето на странските инвеститори е повеќестрана, а македонските компании со нив ја билдаат конкурентноста. Експертите велат- оние кои воспоставиле добра соработка, да ја користат како добра референца за понатамошен раст и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП