29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо третпат се одржаа скопските Средношколски игри

По третпат се одржаа скопските Средношколски игри

srednoskolski-igri

Под мотото „Заедно во природа“ во Градскиот парк во Скопје се одржа третото издание на манифестацијата „Средношколски игри 2015“, наменета за учениците од средните училишта на Град Скопје, а во организација на граѓанското здружение „Сфера“ Скопје, а учениците испратија еко пораки за поголема свест кај луѓето за заштита на природата.

Манифестацијата вклучи различни натпревари во природа (во крос, во знаење, во уметнички вештини- цртање и фотографирање, креативно пишување, зелени игри, забава…) а со цел подигање на свеста на средношколците за потребата и неопходноста од нивен редовен престој на отворен простор заради подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје.

Натпреварувачкиот карактер придонесува кај младите да се развијат потенцијалите за истражување и учење, тренирање, вежбање, уметнички и естетски развој, а животната средина во која се одвиваат игрите кај младите поттикнува свесност за здрав живот и почесто движење во природни средини.

На еднодневните игри, во саботата, учествуваа над 200 активни учесници од 15 средни училишта од Скопје, и тоа ученици – натпреварувачи, наставници, директори, комисии, претставници на државни институции и компании, но и останати ученици, родители, посетители на Градскиот парк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП