28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите земји сфатија дека ветрот е „злато вреден“

Богатите земји сфатија дека ветрот е „злато вреден“

veternici222

Енергијата која се добива од ветер покрива околу три отсто од светските потреби за струја, а 75 проценти од европските прашања во овој сектор се во Германија, Данска и Шпанија.

Производството на енергија од ветер е релативно евтино, овозможува отворање на нови работни места и се повеќе се користи во целиот свет.

Шпанија и Данска од енергијата добиена од ветер произведуваат повеќе од 20 отсто од електричната енергија која ја трошат, а Германија околу 10 проценти, според официјалните податоци.

Овие три земји се пионири во областа на енергијата од ветер и меѓу првите земји кои го препознаа нејзиниот огромен потенцијал. Нивниот удел во експлоатацијата на ветерот, како извор на енергија, на ниво на Европската унија, изнесува три четвртини.

Данска е првата земја во светот која започна со масовно производство на турбини на ветер и речиси 40 отсто на инсталираните капацитети во светот се произведени од данските производители.

Производството на енергијата од ветер е една од главните индустрии во оваа земја и вработува околу 25.000 луѓе, а подмирува 26 отсто од вкупните потреби за енергија, со цел до 2020-та година стапката да достигне 50 проценти.

Тоа е дел од долгорочните планови, Данска до 2050-та целосно да се откаже од фосилните горива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП