25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаследникот на Honda S2000 ќе биде хибрид

Наследникот на Honda S2000 ќе биде хибрид

s2000 model

Новиот спортски модел на „Honda“, кој треба да се претвори во идеолошки наследник на „S2000“, ќе се потпира на хибриден агрегат. Ова го објави Auto Express, повикувајќи се на свои извори.

На овој начин во палетата на јапонскиот производител ќе се појави втор модел со бензински-електричен агрегат по новата генерација на „NSX“, што на дел од пазарите се продава под брендот „Acura“.

Во агрегатот на „S2000“ ќе бидат вклучени бензински мотор со зафатнина од 1,5 литри и електромотор. Вкупната моќност ќе биде околу 300 КС, а во изработката на погонскиот систем се вклучиле активно стручњаците од спортската поделба на „Honda“, кои работат на моторите во Формула 1.

Очекувањата се новиот модел да се појави во 2018-та година, како негови конкуренти на пазарот ќе бидат „Porsche Cayman“, „Audi TT“, „BMW Z4“ и „Alfa Romeo 4C“. Јапонскиот автомобил ќе се нуди само како купе, откако „Honda S2000“ немаше друга алтернатива освен Кабрио.

„„Honda Civic Type R“ е одличен почеток, бидејќи „NSX“ ќе биде недостапен за многумина. Затоа и компанијата има потреба од уште еден спортски автомобил, кој ќе ги задоволи потребите на многуте фанови на брендот“, тврди изворот на „Auto Express“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП