28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо недела фудбалска треска ќе ја зафати Европа

Во недела фудбалска треска ќе ја зафати Европа

european-football-logos

Недела, 4-ти октомври е ден резервиран за неколку дерби средби во најсилните европски првенства.

Програмата започнува во 14:30 часот од Англија и Холандија. На „Гудисон“ во Ливерпул ќе играат градските ривали Евертон и Ливерпул, а во Холандија ќе се сретнат Ајакс и ПСВ Ајндховен.

Како најава за големото мадридско дерби, во Примера од 16 часот на „Сан Мамеш“ ќе играат Атлетик Билбао и Валенсија.

Премиерлигата во 17 часот го носи дуелот на „Емирејтс“ стадионот во Лондон, каде лидерот Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Арсенал.

derbi sredbi

Во Бундеслигата од 17:30 часот силите ќе ги одмерат двете водечки екипи Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Шлагер на денот секако е мадридското дерби, Атлетико од 20:30 часот на „Винсенте Калдерон“ ќе го пречека Реал.

Интересна пресметка в недела во вечерниот термин (20:45 часот) нуди и италијанската Серија А, на „Сан Сиро“ во Милано ќе играат Милан и Наполи.

Вечерта ќе ја заокружи најголемото дерби во францускиот фудбал, во Лига 1 на „Паркот на Принцовите“, ПСЖ од 21 часот ќе го пречека Олимпик Марсеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП