29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПаметниот часовник на Samsung веќе е во продажба (видео)

Паметниот часовник на Samsung веќе е во продажба (видео)

sw samsung

„Samsung Gear S2“ отсега е достапен за нарачки.

Во производство се две верзии од овој часовник, кои функционираат врз основа на „Tizen OS“, но се компатибилни со било кој уред со оперативниот систем „Android 4.4“ или понова верзија.

Исто така, „Samsung“ наведе дека подоцна оваа година ќе лансира и „LTE“ верзија, која ќе може да работи потполно самостално, без потреба за „поврзување“ со било кој уред. „Samsung“ вети дека „Tizen OS“ продуцира повеќе од илјада апликации.

Новиот паметен часовник на „Samsung“ доаѓа во две верзии: „Samsung Gear S2 Silver“, кој можете да го купите за 349,99 долари и „Samsung Gear S2 classic Black“ кој чини 399,99 долари.

Поскапиот „црн“ модел е во линијата на класични уреди кои производителите на паметни часовници се повеќе ја потенцираат. Повеќе за можностите можете да погледнете во приложеното видео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП