19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНова луксузна вила во Ванкувер (фото+видео)

Нова луксузна вила во Ванкувер (фото+видео)

виб1

Ви ја претставуваме новата луксузна вила, која е достапна за купување, а се наоѓа во Ванкувер….

Оваа нова луксузна вила има површина од околу 1.300 квадратни метри и се простира на три нивоа, има пет спални соби и седум бањи, кои се луксузно дизајнирани и совршени за големо семејство. Уникатната погодност која оваа вила ја нуди е посебната гаража за јахти, која не постои никаде на друго место во цела Северна Америка.

Приватната гаража за јахти на сопствениците им дава можност за паркирање на нивните луксузни јахти надвор од водата во периодот кога тие не се користат, па така ќе останат сочувани од штети. Оваа вила исто така има и свој лифт и изобилство на приватост, па лесниот живот со уживање во неа е загарантиран.

Оваа вила има и голема тераса, отворен базен и џакузи, затворен спа базен и џакузи, лифтот кој веќе го споменавме, геотермално греење, затоплена гаража за пет автомобили и уште многу други погодности.

Нејзината кујна е врвно опремена со сите потребни елементи, а има бразилски cherry под и прозори од подот до плафонот, кои ја прават уникатна и многу луксузна.

Оваа вила е достапна за купување, а нејзината цена оправдано изнесува 23,8 милиони долари. Уживајте во фотографиите и видеото…

виб2

виб3

виб4

виб5

виб6

виб8

виб9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП