28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија „цвета“ поради мигрантите

Германија „цвета“ поради мигрантите

german-people3

Германска „Дојче банк“ ја подигна прогнозата за раст на економијата во Германија за наредната година, затоа што големиот прилив на мигранти ќе ја зголеми потрошувачката за дури половина процентни поени.

Според најновата прогноза на „Дојче банк“, бруто домашниот производ (БДП) на Германија во 2016-та година ќе порасне за 1,9 oтсто во однос на претходно прогнозираните 1,7 проценти.

„И покрај влошувањето на надворешното и финансиското опкружување, ние ја подигнавме прогнозата на БДП за 2016-та година. Двигателите на растот ќе бидат силно зголемени поради реалната потрошувачка поради пониската цена на нафтата и силното евро, како и зголемувањето на имиграцијата“, оценија аналитичарите на оваа банка.

Проценката е дека околу 800.000 избеглици и мигранти кои бегаат од војната и сиромаштијата, а од кои најголемиот број се од Сирија, оваа година ќе дојдат во Германија, наведува „Дојче банк“, додавајќи дека староста на имигрантите кои пристигнуваат е 23,3 години во споредба со просечната стартост на домашната популација од 44,5 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП