28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi A5 пристигнува во 2016-та година

Новиот Audi A5 пристигнува во 2016-та година

petica 3003

Со франкфуртската премиера на новата генерација на моделот „А4“, „Audi“ ја започна обновата на семејствата возила „A4/A5“. На ред се „Audi A5 Coupe“ и „Audi A5 Sportback“, кои ќе бидат претставени во 2016-та година, соопшти германскиот производител.

Двата модели на пазарите ќе се појават во текот на наредната година. За премиерата на купе верзијата најверојатно ќе биде избран саемот за автомобили во Женева, во март 2016-та, додека „Sportback“ верзијата со 5 врати би требало да биде изложена на саемот во Париз во октомври.

Покрај двете „петки“, во 2016-та би требало да дебитира и новиот „A4 Allroad Quattro“.

Сите три споменати модели се базирани на истата „MLB Evo“ механичка платформа која се користи во новите „A4“ лимузина и караван.

За новите модели засега нема официјални информации од „Audi“, но се очекува дека ќе бидат за нијанса поголеми претходникот со значително намалување на тежината.

Што се однесува до „Audi A5 Cabrio“, тој најверојатно во продажните салони ќе се појави во 2017-та година.

Новите модели ќе ја користат палетата на мотори од „Audi A4“. На располагање е 2.0-литарски „TFSI“ бензинец во верзии со 190 ks (140 kW) и 320 Nm, и 252 ks (185 kW) и 370 Nm.

„Audi S5“ би требало да добие 3.0-литарски „TFSI“ со 354 ks (260 kW) и 500 Nm.

Што се однесува до дизел агрегатите, достапни се 2.0-литарски „TDI“ единици (немаат допирна точка со актуелните спорни „VW Euro 5“ дизел мотори) со 150 ks (110 kW) и 320 Nm, како и 190 ks (140 kW) и 400 Nm.

Во врвната понуда кај дизелите ќе се најде 3.0-литарски „TDI“ со 218 ks (160 kW) и 400 Nm, и 272 ks (200 kW) и 600 Nm.

„Audi“ веќе работи на „RS“ верзиите на „A4/A5“ семејствата, кои ќе бидат достапни во „A4 Sedan“ и „Avant“, како и „A5 Coupe“, „Sportback“ и „Cabriolet“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП