25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов евтин кинески смартфон се насочува кон Европа

Нов евтин кинески смартфон се насочува кон Европа

zuk ured

Брендираниот од „Lenovo“ нов кинески достапен смартфон „ZUK Z1“ е подготвен за своето меѓународно деби, околу месец и половина по излегувањето на кинескиот пазар.

Најевтиниот смартфон ќе биде достапен првично во Европа преку францускиот и шпанскиот сајт на „eBay“.

Меѓународниот модел е со оперативен систем „Cyanogen OS 12.1“ базиран на „Android 5.1.1 Lollipop“. Смартфонот ќе е брендиран од „Lenovo“ барем во однос на кутијата и упатството за употреба.

Во однос на техничките карактеристики смартфонот ќе е со 5.5-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели и заситеноста од 401 точки по инч. Задната камера е 13-мегапикселна со LED-блиц, а предната од 8 мегапиксели. Процесорот е „Qualcomm Snapdragon 801“, а оперативната меморија ќе е 3 GB. Внатрешната меморија на уредот е 64 GB, а уредот ќе може да работи во 4G-мрежи.

Други интересни карактеристики се скенерот за отпечатоци и портот „USB Type-C“. Батеријата исто така ќе е многу моќна со капацитет од 4.100 mAh.

Цената на смартфонот на шпанскиот „eBay“ е 279.99 евра, а на францускиот – 285.99 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП