19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнклузивен ден на 3-ти октомври во седум големи градови во југоисточна Европа,...

Инклузивен ден на 3-ти октомври во седум големи градови во југоисточна Европа, и во Скопје

we all smile

Деца, родители и наставници од 49 училишта на 3-ти октомври, точно на пладне, ќе се соберат на јавни простори во седум главни градови од југоисточна Европа, меѓу кои и Скопје за да ги промовираaт придобивките од инклузивното образование.

Свеченaта програма на учениците и ученичките од АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, на Сквер Јадран, ќе започне во 12 часот. Професорката Соња Атанасовска, притоа, ќе ги претстави искуствата од инклузивното образование во АСУЦ „Боро Петрушевски“, односно вклучувањето на овие деца во наставно – образовниот процес.

Овие промотивни настани се посветени на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа „Регионална поддршка за инклузивно образование” во југоисточна Европа. Тие настани ги поддржуваат позитивните искуства на 49- те пилот училишта кои ги имплементираа проектите за инклузивно образование со кои ќе ги охрабрат и другите училишта во создавање на инклузивна атмосфера.

На овој настан ќе учествуваат и креаторите на политиките, експертите, наставниците, учениците и родителите, членовите на мрежата креирана од тимот на проектот, со цел да се стимулира поголема регионална соработка во инклузивното образование. Учениците од пилот училиштата домаќини ќе настапат пред јавноста со културно- уметнички програма.

Реализирани се радио и телевизиски образовни серии, како и видео пораки од познати личности од регионот, со цел да се промовира инклузивно образование и релевантно инклузивните политики и искуства во редовните основни и средни образовни системи во Југоисточна Европа.

Настаните кои ќе се одржат во Скопје, Тирана, Сараево, Загреб, Подгорица, Белград и Приштина ќе делуваат силно синергиски бидејќи ќе се случуваат во ист ден и во исто време. Сите настани се отворени за медиумите и јавноста.

Настаните ќе се одржат на следниве места: сквер Јадран – Скопје, плоштад Велезер Фрашери – Тирана, ББИ Центар – Сараево, плоштад Европа – Загреб, плоштадот на Републиката – Подгорица, Калемегдан – Белград и булевар Захир Пајазити во Приштина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП