25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо 18 часот заобиколување кај наплатна станица Петровец

До 18 часот заобиколување кај наплатна станица Петровец

avtopat-petrovec

За потребите на снимањето на францускиот филм „A Fond”, во сабота, 3-ти октомври од 5 до 18 часот, ќе се користи наплатната станица Петровец, која ќе биде затворена во двата правци. Автопатот нема да биде затворен за сообраќај, туку ќе има соодветна патна сигнализација која упатува на заобиколување, со тоа што наплатната станица нема да врши наплата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, што се однесува само за македонската страна на премините.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Градежни работи се изведуваат на државниот пат А3, делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за селото Ротино, која до ноември ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Градежни работи се изведуваат и на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од две години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

На патниот правец А1 Градско – Прилеп се изведуваат работи на пат (машинско гребење на асфалт) од 33 до 38 км. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе се работи од 07:00 до 15:00 часот.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до село Лозово, и од Лозово преку Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП