29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалено темпото на вработување во Америка

Намалено темпото на вработување во Америка

rabota sad 0330

Темпото на вработување во САД осетно забави во септември, поради затворање на работни места во рударството, но стапката на невработеност се задржа на најниско ниво за седум ипол години, објави американската влада.

Американските работодавачи во септември отвориле нето 142 илјади нови работни места, извести американското министерство за труд. Воедно за 59 илјади се снижени проценките  за бројот на новоотворени работни места во јули и август.

Во приватниот сектор во септември биле вработени вкупно 118 илјади нови работници, а во јавниот 24 илјади, покажуваа официјалните податоци.

Најмногу се вработија во секторот здравствена нега и во информатичкиот сектор, додека во рударскиот се затворени 10 илјади работни места.

Стапката на невработеност остана непроменета, на најниско ниво за седум ипол години од 5,1 отсто. Бројот на невработени е намален за 100 илјади, на 7,9 милиони.

Аналитичарите очекуваа над 200.000 нови работни места, а извештајот со посебно внимание се следи во централната банка со оглед дека гувернерката Жанет Јелен ја издвои вработеноста како клучен критериум за прилагодување на каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП