20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа секои 30 минути на работа правете го ова...

На секои 30 минути на работа правете го ова…

CLP0808687_Veer-640x330

Досега е утврдено дека предолгото седење на работа може да биде многу шетно и да го зголеми ризикот од појава на канцер и дијабетес.

Меѓутоа, ниту стоењето не е ништо подобро и може да доведе до проширени вени и проблеми со грбот.

Еден професор по ергономија изјави дека открил како да се воспостави рамнотежа за поттикнување на долгиот и здрав живот на луѓето кои голем дел од денот го поминуваат во канцеларија.

Алан Хеџ од Корнел универзитетот за Волстрит журнал изјавил дека секој половина час кој го поминувате работејќи треба да седите 20 минути, да стоите 8 минути и да прошетате и да се растегнете две минути.

„Исклучително важно е во текот на денот да ги менувате активностите“, изјави Алан и додаде дека само седењето или само стоењето во текот на целиот ден не е никако добро за здравјето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП