20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW официјално го покажа најмоќното X4 (фото+видео)

BMW официјално го покажа најмоќното X4 (фото+видео)

mok x4

Германскиот гигант „BMW“ ги откри деталите за најмоќната верзија на спортскиот кросовер „X4“, кој пред неколку дена беше откриен од неколку европски изданија.

Модификацијата го носи името „BMW X4 M40i“ и е опремена со 6-цилиндарски бензински турбо мотор со зафатнина од 3,0 литри. Тој развива 360 КС и 465 Нм, што му овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,9 секунди.

mok x4 01

Максималната брзина на кросоверот е ограничена по електронски пат на 250 км/ч. Од производителот најавија дека модификација ќе нуди просечна потрошувачка од 8,6 l/100 km, а нивото на штетни гасови „СО2“ ќе биде 199 g/km.

BMW X4 M40i

Спортскиот карактер на автомобилот е подвлечен не само од моќниот мотор, туку и од спортскиот издувен систем со прилагодливи вентили. Потпирањето е исто така спортско со тврди пружини, а достапен е и системот за погон на четири тркала „xDrive“. Автомобилот исто така се потпира и на системот „Performance Control BMW“, кој служи за зголемена стабилност во кривини.

mok x4 05

На изглед „BMW X4 M40i“ ќе може лесно да се препознат по модернизираниот преден браник, страничните ретровизори во боја „сива металик“, 20-инчните бандажи „М“ и цевките на издувниот систем, кои се во црн хром.

mok x4 03

Во кабината е поставен нов волан-„М“ со кожа, спортски лост за менување на брзини, спортски седишта и натпис на праговите „X4 M40i“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП