16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБанкар со 15 години искуство дава корисни совети за парите

Банкар со 15 години искуство дава корисни совети за парите

bankarstvo-pixabay

„Со речиси 15 години искуство во банкарството, гледав како банките работат и заработуваат пари. Тоа влијае на тоа како ги избирам производите и како соработувам со финансиските институции“. Ова се советите од искусниот банкар кои ги пренесува Бизнис Инсајдер.

1. Најдобрите понуди се за новите клиенти

Банкарството е константна битка за клиенти. Ако трагате по најдобрите можности, ќе морате да се префлите на нов продукт. За тоа постои едноставна причина – многу банки имаат тимови кои се платени врз основа на тоа колку нови банкарски сметки има. Исто така тука е и тимот кој се грижи за постоечките клиенти кој сака да генерира што поголем профит, но тој е помалку дарежлив.

2. Бидете искрени сами со себе и фокусирајте се на долгорочните вредности

Многу лица остануваат долго на новите производи бидејќи им е „напорно“ да се префрлаат од еден на друг продукт секоја година.

Избирајте ги производите кои се базирани на долгорочни вредности, а не на моменталните нови понуди.

3. Сите трошат повеќе пари кога тие се на картичка, вклучувајќи ве и вас

Така велат многу истражувања и искуства. За да ги држите трошоците под контрола, носете со себе само една картичка (ако имате повеќе) и вклучете ја опцијата да ви пристигнува порака која ќе ви покаже колку пари сте потрошиле тој ден. Исто така можете да носите со себе и кеш, ако така ви е полесно да ги контролирате парите.

4. Не викајте му на тој кој е задолжен за комуникација со клиентите

Ниту е доволно платен за тоа што го работи, ниту е виновен за тоа што се случува. Подобра стратегија е да бидете љубезни со лицето од кол-центарот. Тој човек поднесува извештај до надредениот, а колку сте пољубезни толку полесно ќе дојдете до решение.

5. Само затоа што банката вели дека можете нешто да имате, тоа не значи дека можете да си го дозволите

Кога банката пресметува дали нешто можете на себеси да си го дозволите (на пример ви одобрува кредит), има едноставни парамети. Банката сака да биде сигурна дека ќе го платите својот месечен долг. Но, не ги зема во предвид вашите други трошоци. Затоа е подобро сами да ги пресметате своите можности и трошоци.

6. Ако не ја разбирате понудата, не купувајте

Сетете се на лошата состојба на оние кои имаа кредити во швајцарски франци, или на договорите „со ситни букви“ кој никој не ги чита. Никогаш немојте да се плашите да поставувате прашања за кои мислите дека се глупави и би требало да избегнете се што не разбирате. Сложеноста е непријател на транспарентноста и обично непријател на купувачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП