25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНово име за нов почеток. Fisker сега е Karma!

Ново име за нов почеток. Fisker сега е Karma!

karma 0001

Со ново име и финансиска поддршка од кинескиот милијардер Лу Гуанки, производителот на електрични автомобили – „Fisker Automotive Inc.“ се прероди и се надева да стане успешен конкурент на најпопуларниот американски производител „Tesla“.

Промената во името на компанијата е од „Fisker на „Karma“, а истото име ќе го носи и нејзиниот прв хибриден модел, кој ќе чини 115.000 долари.

Неспособноста на „Fisker“ да ги плати долгови во износ од 139 милиони долари, ја доведе компанијата до банкрот и нејзина продажба.

Новата компанија „Karma“ располага со 300 вработени во моментов. Се очекува новиот модел „Karma“ да излезе на пазарот во текот на следната година, а успехот останува под сомнение во услови на пазар кој има висока конкуренција. Забележано е и сериозно забавување на хибридните автомобили, поради поевтинувањето на горивата на меѓународните пазари.

karma 0002

Сегментот на хибридните автомобили и електрични возила, станува конкурентен. Оваа недела од „Tesla“ го претставија новиот „Model Х“. „General Motors“ наскоро ќе го претстави новиот „Chevrolet Volt“, а од „BMW“ подготват хибридна верзија на иконата за компанијата, моделот „Х5“.

Кинескиот милијардер Лу е раководител на производителот на автоделови „Wanxiang Group Corp.“. Тој ја почна кариерата со производство на велосипеди и потоа гледајќи голем потенцијал кај електричните автомобили, особено за решавање на кризата со степенот на загаденост на големите кинески градови.

Моделот „Karma“ е хибрид, кој може да мине 350 милји (560 километри), со помош на батерија и резервоарот од бензин. За споредба моделот на „Tesla“ – „Model S“, кој е во иста ценовна класа и целосно електричен автомобил поминува 295 милји (околу 475 километри) со едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП