19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Др Елена Арсова, медицински директор на 101 Hair Clinic

Интервју со Др Елена Арсова, медицински директор на 101 Hair Clinic

rrr

Со успешно менаџирање до нови клиенти

Денар: Др Елена Арсова како медицински директор на 101 Hair Clinic, во моментов сте на релација Скопје-Белград-Загреб, како е да се менаџираат три метрополи?

Секако дека бара многу време, енергија и посветеност. Секоја држава, секој град, секој народ се посебни сами по себе и бараат посебен пристап во развој на бизнисот. Не постои една унифицирана формула која може да се примени во секоја држава туку добра анализа и подготовка за да се осмисли и реализира успешен бизнис план.  Потребно е да се запознаат законите и регулативите на државата, потребите и духот на градот, барањата и менталитет на луѓето. Потребни се контакти со личности од финансискиот, правниот, маркетинг и медицинскиот сектор и размената на искуства, идеи и размислувања. За среќа таа комуникација за нашиот регион  доаѓа лесно и природно и често претставува вистинско задоволство. И секако не  е доволно само иницијално запознавање на сите сегменти туку е континуирано следење на промените и трендовите. Но, ќе го цитирам Конфучие, “Изберете работа која ја сакате и нема никогаш да работите ниту еден ден во животот”.

rcc

Денар: Започнавте во Македонија за да кратко време се отворат клиники во Србија и Хрватска, вие сте со девизата дека успешно менаџирање може да предизвика поттик за нови пазари.

Успехот во Македонија ни покажа дека нашата клиника го понуди токму тоа што недостасуваше на медицинскиот пазар; квалитетен тим, професионална услуга и ефикасни третмани. Концепт кој е добро осмислен и поставен на цврсти основи е предодреден за успех.  Анализата на пазарот во Србија и Хрватска покажа потреба од специјализирана клиника за коса и верувавме дека нашите високи стандарди во работата и таму ќе бидат препознаени и прифатени. Освојувањето на два пазари е само по себе предизвик и бараше безрезервна посветеност и совршена работа. Но, духовната исполнетост од реализирањето на таква цел е неспоредлива.

Денар: Ќе може ли да направите компарација Македонија, Србија и Хрватска, какви се барањата како вас од клиниката од страна на бизнисмените?

За нашата клиника е многу едноставно да излезе во пресрет на барања на нашите пациенти  затоа што секој наш пациент го бара тоа што е најзначајно, стручен кадар, квалитетна услуга, и ефикасен производ и третман.  101 Hair клиниката е препознатлива по медицинскиот тим од доктори – трихолози и сертифицирани медицински сестри – терапевти. Единствено нашите доктори се специјалисти за проблеми со опаѓање на коса и проблеми на скалпот. Моделот на пружање на медицинските услуги е ориентиран кон пациентот, запознавање со неговиот проблем со косата, со медицинската историја, со навиките на исхрана и начинот на живот. Современите  дермоскопски методи овозможуваат точна дијагностика на формата на губење на косата како и следење на резултатите. Бенефитите за клиентите е што за својот проблем со губење на косата можат да се обратат кај стручни особи кои не само што правилно ќе ја дијагностицираат формата на опаѓање на косата туку ќе направат и индивидуализиран план на терапија за стимулација на растот на косата. Планот на терапија пак е спој предностите на традиционалната источна медицина и современите западни високо-технолошки достигнувања. Ласерската биостимулација, 101 третманите и микронидлинг мезотерапијата се незаменливи за стимулација на растот на косата,а резултатите се неприкосновени. Третманите за перут со кислородна инфузија или сауна третманот за масна коса ги воодушевуваат клиентите со брзите резултати за проблеми кои ги мачат со години.

raa

Денар: Колку стресот на деловните луѓе им прави проблем на косата како опаѓање или појава перут на скалп?

Стилот на живот, стресот, начинот на исхрана и лошите навики имаат влијание на нашата коса и скалп. Дел од нашите клиенти кои се на менаџерски позиции имаат проблеми со перут и остеливост на скалпот. Најчесто тоа се должи на нивното динамично темпо на живот, чести патувања, брза храна, долги работни саати, стрес и притисок. Нивната функција не дозволува преголема промена во стилот на живот иако тоа го препорачувам, но со адекватни шампони и третмани за само еден месец кожата на скалпот може да се нормализира. Другиот чест проблем е секако зголемено опаѓање на коса поради исто така стресните ситуации со кои се справуваат секој ден. Опаѓањето може да биде транзиторно, а може и да остави последица кај генетски предиспонираните особи за губење на косата. Секако и опаѓањето може да се стави под контрола и да се врати изгубената коса, но со малку подолгорочен третман. Најновите сознанија укажуваат на мултифакторијална природа на опаѓањето на косата, што значи дека генетиката не е апсолутен виновик туку во игра се многу фактори.

Денар: Изминативе години добивте и награди, кои се тие?

Сопственикот 101 Клиниката е првиот Македонец кој пред неколку години беше одликуван со Медал од страна на Кина заради неговиот придонес за ширење на Кинеската култура и и медицина во светот. Неговата визија за бизнисот беше препознаена и високо одликувана. Наградата за најуспешна меѓународна 101 клиника, минатата година, која ја добивме на годишната конференција на Zhangguang  групацијата во конкуренција на 2000 клиники ширум светот, ни е особено драга затоа што  го потврди квалитетот на нашата работа и квалитетот на нашиот медицински и менаџерски тим. Но не е потребно само да се добие награда, уште позначајно е да се задржи добиениот статус. Јас и 101 Hair клиниката ќе продолжиме да работиме за да останеме најдобри и водечки во областа на трихологијата.

rbb

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП