29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Shelby со неверојатни 1200кс

Новиот Shelby со неверојатни 1200кс

Mustang-GT1000-1

Mоделот „Shelby GT500“ со своите 662 КС не беше доволно моќен за „Ford“ и за самиот „Shelby“, па поради тоа тие одлучија на сите љубители на автомобили и на брзото возење да им изработат уште помоќен модел.

Новиот „Shelby Mustang 1000 S/C“ кој се очекува да биде прикажан на претстојниот саем во Њујорк, ќе биде во можност да се пофали со фантастични 1200 „коња“!

Mustang-GT1000-2

Ова е благодарение на 5.8-литарскиот мотор со турбо компресор и со напреден систем за ладење, а новиот модел доби и прилагодлива суспензија и моќни сопирачки.

Други детални информации за сега не се познати, освен информацијата дека ќе бидат направени само 100 примероци, а нивната цена ќе биде 161.500 евра.

Mustang-GT1000-3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП