28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со компири и кисело млеко

Диета со компири и кисело млеко

Диетата со компири и кисело млеко која ви нудиме е лесна за држење и исклучува гладување. Погледнете како да се храните со компири и кисело млеко за да изгубите 3 кг, а да не гладувате.

Често луѓето го поврзуваат зборот диета со гладување, но тоа не е случај и со оваа диета.

Ние ви нудиме една здрава диета во која главните намирници се компири и кисело млеко. Тука се и задолжителните намирници како зеленчук и риба.

Држете ја диетата две недели и уверете се во резултатите.

Понеделник

Појадок: Чај без шеќер, 1 парче двопек, половина канче кисело млеко со намалена масленост, киселото млеко можете да го засладите со една лажица мед.

Ручек: 300 гр салата од марула и цвекло. Можете да додадете околу 150 гр. ракчиња на скара, половина канче кисело млеко со ниска масленост, 1 јаболко за десерт

Вечера: 200 гр.печен компир (без масти) и 200 гр.телешко месо на скара, 1 манго за десерт

Вторник

Појадок: Чај, 1 двопек, 1/2 јаболко

Ручек: 200 гр.салата од рендан морков и сусам, 100 гр.пилешко месо (филе), 1 круша за десерт

Вечера: 250-300 гр. компир салата (приготвена од варени компири, артичоки, лимонов сок и фета сирење), 1 портокал за десерт

krompir_salata_n

Среда

Појадок: 1 чаша овесни снегулки со кисело млеко со ниска масленост, 1 шолја зелен чај

Ручек: 200 гр. риба на скара (лосос или бела риба), 1 јаболко за десерт

Вечера: Печени компири во печка со свежи зачини (250-300 гр.)

Четврток

Појадок: 1 киви и 1 јаболко

Ручек: Омлет (околу 200 гр), зелена салата,1/2 грејпфрут за десерт

Вечера: Варени компири (200 гр.), 100 гр салата од зелка и моркови

Петок

Појадок: Половина канче кисело млеко со ниска масленост, 1 зелен чај, 1 чаша свежо исцеден сок од портокал

Ручек: 150 гр. лосос на скара, 1/2 авокадо, 100 гр. аспарагус на скара, 100 гр кислео млеко со ниска масленост.

Вечера: Компири (печени), прелиени со печурки и мисиркино филе на скара

Сабота

Појадок: 2 парчиња двопек, 1 шолја билен чај, половина канче килсео млеко со намалена масленост со овесни снегулки

Ручек: 200 гр. зеленчук по избор (варен на пареа), 2 јаболка за ужинка

Вечера: Печени компири, 200 гр пилешко филе на скара (без масти), 1 чаша сок од портокал

yoplait_honey_vanilla_greek_yogurt_02

Недела

Појадок: 1 варено јајце, 1 парче интегрален леб, 1 шолја зелен чај

Ручек: 1 телешки стек, гарниран со зеленчук приготвен на пареа, 100 гр. суво овошје за ужинка

Вечера: 150 гр. Лосос на скара (без масти), 1 јаболко и половина канче кисело млеко

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП