19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААМСМ: Скопската обиколница во петок отворена, во сабота затворена за сообраќај

АМСМ: Скопската обиколница во петок отворена, во сабота затворена за сообраќај

obikolnica-skopje

Сообраќајот на патните правци низ Македонија се одвива по влажни коловози. Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) известува дека обиколницата околу Скопје во петок ќе биде отворена за сообраќај, а во сабота, во време од 05:00 часот до 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај за потребите на снимањето на францускиот филм “A FOND”.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на делниците каде се изведуваат градежни активности: на државниот пат А3, делница Битола – Макази, на патот Р1302 Делчево – Пехчево, на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип, на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково и на автопатот Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово).

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП