28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија воведе противмерки, го забрани влезот на хрватски стоки

Србија воведе противмерки, го забрани влезот на хрватски стоки

kamioni-stoki

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ објави точно на полноќ на граничниот премин Батровци – Бајаково дека соседна Хрватска не ги исполнила српските барања и дека од полноќ на ниеден граничен премин на заедничката граница нема да биде дозволен влезот на камиони коишто превезуваат хрватски стоки, објави Радиотелевизија Србија (РТС).

„Хрватска не ги исполни барањата и со економската агресија нанесува штети на бизнисмените од двете земји“, го цитира РТС српскиот министер за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ . Оттаму, според него, српската страна е принудена

„Не сме задоволни со ова, не сме среќни, но тоа се мерки со коишто ја штитиме својата државност“, порачал Стефановиќ.

„Од овој момент, полицијата на Србија нема да дозволи влегување во Србија на сите гранични премини на ниедно товарно возило со хрватски стоки, без разлика дали тоа се возила од Република Хрватска или од трети земји. Веднаш започнува примената на мерките. Покрај тоа, владата одлучува и за другите потези“, додал Стефановиќ.

Белград смета дека хрватските власти немале причина поради бегалската криза еднострано да го затворат граничниот премин Бајаково за товарен транспорт, и тоа беше главната тема на вонредната седница на српската влада. Станува збор за еден од двата сообраќајни коридори кои се многу важни за Србија во нејзината поврзаност со западна Европа.

Пред почетокот на владината седница рано попладнето во средата, српскиот премиер Александар Вучиќ побара од Хрватска да се откаже од одлуката за затворање на преминот Бајаково, предупредувајќи дека Србија, доколку таа блокада потрае, ќе биде принудена да бара меѓународна помош и оти ќе воведе противмерки, за кои рече дека повеќе ќе ја погодат Хрватска отколку Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП