20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСингапур најдобро место за живот на бегалците

Сингапур најдобро место за живот на бегалците

singap

Сингапур можеби е еден од најскапите градови на светот, но за бегалците е најпопуларно место за живот и работа, се наведува во годишното истражување на HSBC, објавено за бегалците.

Мигрантите го пофалиле градот – држава заради високите плати, како и заради можностите за напредување во кариерата и квалитетот на живот. Покрај високите животни трошоци во Сингапур, вклучително и трошоците за транспорт, кои се три пати повисоки од оние во Њујорк, повеќе од четвртина од анкетираните бегалци потврдиле дека заработуваат повеќе од 200.000 долари годишно.

Според истражувањето на HSBC, со зголемување на платите и можностите за напредување во кариерата бегалците добиваат поттик за преселба во странство, а се селат најмногу од приватни причини. Три од пет анкетирани изјавлие дека нивниот квалитет на живот се подобрил по преселувањето..

Најмногу одат во Нов Зеланд, Шпанија и Португалија, ако сакаат да го подобрат квалитетот на живот, додека Шведска е посакувана дестинација за семејните луѓе, затоа што државата им овозможува бенефити во однос на децата, како и подобро школување.

Сепак, најдобри поволности нудат земјите од Блискиот Исток. Околу 80 отсто од испитаните бегалци во Оман добил карти за враќање дома, а од Катар 75 отсто бегалци добиле џепарлак за сместување.

Во местата надвор од Блискиот Исток, договорните предности се поретки. Нешто повеќе од половина светски бегалци добиле здравствена нега и медицински додатоци, додека
околу 21 отсто добиле само пари за преселба.

Во август InterNations објави резултати од истражувања кои значително се разликуваат од оние на HSBC. InterNations ја стави државата Еквадор како врвна дестинација за бегалците, поради ниските трошоци за живот, како и пристапната здравствена нега и високото ниво на задоволство од животот. Мексико и Малта исто така се подобро рангирани од Сингапур во тоа истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП