25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКазни за членките на ЕУ кои не ги почитуваат правилата за азил?

Казни за членките на ЕУ кои не ги почитуваат правилата за азил?

azil-azil

Европската комисија се подготвува во средата за преметка со 19 членки на Европската унија кои не го почитувале правилото за азил и против нив има намера да покрене вкупно 40 кривични постапки, пренесува германската агенција DPA повикувајќи се на неименувани извори, додека на грчкиот остров Лезбос само за неколку часа во средата пристигнаа нови 2.500 бегалци.

Повеќе од 2.500 луѓе, повеќето авганистански бегалци, пристигнаа на грчкиот остров Лезбос во средата утрото во интервал од само три часа, а некои од нив се настинати. Околу 40 гумени чамци со по 60 до 70 лица, пристигнаа по дожд на плажа на острово на која се оставени елеци за спасување, пренесува AFP.

Како и Грција, и другите европски земји се соочени со незапаметен прилив од баратели на азил од Втората светска војна, а земјите членки на Европската унија не ги спроведуваат европските правила, како што се регистрација и идентификација на имигрантите и обработка на барањата за азил, во првата земја во којашто ќе влезат.

Германија, која е главната цел на огромниот дел од речиси 500-те илјади мигранти од северна Африка, Блискиот исток и Азија, исто така, се соочува со таквата постапка на нерегистрација и можна казна, рекле изворите на DPA. Не е наведено кои други земји б можело да бидат казнети.

Тие постапки би можеле да завршат со изрекување поголем и парични казни пред Судот на Европската унија. Овластувањата на Европската комисија вклучуваат и обезбедување на спроведувањето на европските прописи.

Оваа вест беше објавена неколку часа пред почетокот на вонредниот самит на ЕУ кој е исклучиво посветена на бегалската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП