18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоколку ЕУ не реагира, Србија ќе воведе контра мерки кон Хрватска

Доколку ЕУ не реагира, Србија ќе воведе контра мерки кон Хрватска

granica hrv-srb

Српскиот премиер Александар Вучиќ најавил доколку Европската унија (ЕУ) не реагира на затворањето на границата од страна на Хрватска за српските камиони, Србија ќе воведе контра мерки кон својот сосед, пренесуваат српските медиуми.

„Чекаме ЕУ да реагира до 14 часот, а потоа Србија ќе реагира мирно, без кршење на прописите, но ќе и укаже на Хрватска дека не може да се изживува, да ја понижува Србија и да уништува српската економија без последици“, истакнал Вучиќ, оценувајќи дека потегот на Хрватска претставува „скандал од неверојатни размери“.

Хрватската е подготвена целосно да го затвори преминот Бајаково – Батровци на границата со Србија, доколку тоа биде потребно, порачал хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ, кој ја обвинил Србија дека организирано, наместо во Унгарија,  бегалците ги праќа во Хрватска.

Хрватските власти и натаму не ги пропуштаат товарните возила во земјата преку преминиот Батровци – Бајаково, поради што се направи колона долга 15 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП