28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Се отвора пат за работа и борба

Ципрас: Се отвора пат за работа и борба

cipras-ras

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, челник на радикалната левичарска коалиција Сириза изјави преку Twitter дека по неделната, трета изборна победа во една година – на два предвремени парламентарни избори и на референдумот за договорот со странските доверители – „се отвора патот на работа и борба“.

„Пред нас се отвора патот за работа и борба“, напиша Ципрас во пораката, речиси по еден час откако неговиот најголем ривал, челникот на конзервативната Нова демократија, Вангелис Миамаракис, го призна поразот и му честиташе.

Според делумните официјални податоци коишто ги објави грчкото министерство за внатрешни работи, по преброените 58,12 отсто од изборниот материјал, Сириза освоила 35,51 отсто од гласовите, а Нова демократија освоила 28,19 проценти.

Според овие показатели од 300 места во грчкиот парламент, со бонусот Сириза би имала 145 мандати, а Нова демократија ќе има 75 пратеници.

На третото место е неонацистичката Златна зора со 7,05 отсто и 19 пратеници, социјалистичкиот Пасок освојува 6,41 проценти што му носи 17 мандати, Комунистичката партија има 5,43 отсто и 15 места, Потами (река) има 3,79 отсто од гласовите или 11 пратеници Сојузот на центристите – 3,40 отсто и 9 места.

Фракцијата на одметнатите министри и пратеници од Сириза, раскол кој беше и една од главните причини за предвремените избори, Народно единство, најверојатно не ќе влезе во парламентот, бидејќи со освоени, 2,85 отсто од гласовите не ја не го минува изборниот праг.

За ниедна партија својот глас не го дале 2,43 отсто од грчките гласачи, а според сегашните податоци нивниот одѕив бил под вообичаениот просек, и изнесувал 55,64 отсто.

Меѓутоа, најважно за формирањето на идната грчка влада е што крајно десната партија Независни Грци (Анел) со освоени 3,66 отсто од гласовите ќе има 10 пратеници, и овозможува да се продолжи коалциската влада на Сириза и Анел, која ќе има поддршка од 155 пратеници, односно мнозинство во парламентот.

Претходно од Сириза објавија дека Алексис Ципрас контактирал со челникот на Независни Грци, Панос Каменос, и договориле да ја продолжат коалициската соработка во владата. Ципрас изјави дека владата ќе биде формирана во рок од три дена, А Каменос дека од понеделник ќе се работи на прецизирањето на составот без учество на трета партија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП