20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Падна“ Skype во целиот свет!

„Падна“ Skype во целиот свет!

skype

Програмата за разговор и телефонски повици „Skype“ се „распадна“ во целиот свет, објавија специјализирани сајтови.

Корисниците се соочуваат со проблеми при поврзување и влез во компјутерската програма.

Од „Microsoft“ признаа дека има проблем и дека работат на негово отстранување.

„Некои од вас може да имате проблеми со присуство во „Skype“ и не може да сте „онлајн“. Забележавме проблем со прилагодувањата за статусот во „Skype“. Погодените корисници нема да можат да го променат својот статус, сите нивни контакти ќе бидат прикажани како да се вклучени и тие нема да можат да започнат разговори со нив“, забележуваат од „Microsoft“.

Компанијата сепак не споменува колку долго ќе потрае за го поправат проблемот и кога програмата ќе проработи нормално.

„Работиме на решавање на овој проблем и се надеваме наскоро ќе ве известиме за ситуацијата. Прифатете го нашето извинување за предизвиканите непријатности“, дополнуваат од гигантот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП