28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПет прашања на интервјуто за работа кои откриваат се за вас

Пет прашања на интервјуто за работа кои откриваат се за вас

intervju1

Стандардните прашања на разговорот за работа повеќе не се доволни за работодавците да дознаат се за вас. Затоа, создадени се неколку прашања кои им помагаат на работодавците за кратко време да ве запознаат подобро.

Ова се прашањата на интервјуто за работа преку кои работодавецот ќе дознае се за вас.

1.Кога сте биле најзадоволни во животот?

Ова прашање ја отвара вратата за различен тип на разговор преку кој се проверува дали животот на кандидатот и она што тој го сака одговара со начинот на работење на компанијата.

2.Кој е вашиот идол и зошто?

Ова прашање може да открие колку кандидатот е интроспективен кога се работи за неговиот личен и професионален развој, што е тесно поврзан со квалитетот, успехот и амбициите.

3.Кои работи не сакате да ги работите?

За да се добие искрен одговор на ова прашање потребна е упорност. Обично, работодавците неколку пати треба да го постават ова прашање, со цел да добијат повеќе одговори од потенцијалниот кандидат. Кандидатите најчесто не ги кажуваат овие работи на интервјуто, но со поголема упорност, работодавецот може да извлече неколку одговори.

4.Зошто толку често сте ги менувале работните места?

Одговорот на ова прашање покажува колку кандидатот е лојален, честото менување на работата не е лошо, но сепак важно е да се дознае причината за тоа.

5.Дали имате некои прашања за мене?

На ова прашање многу е важно како ќе одговори кандидатот, од неговите поставени прашања се открива дали тој е заинтересиран само за платата или пак го интересираат и работните обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП