20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКога вработените бараат работа?

Кога вработените бараат работа?

200543811-001

Ако мислевте дека вашите вработени бараат работа откако ќе заминат дома, се лажете.

Како што наведува сајтот на Блумберг „Businessweek.com“, повеќето посети на сајтовите кои нудат работа, доаѓаат од канцелариските IP адреси и тоа во средината на работните часови.

Податоците кои ги истражил сајтот, покажуваат дека ударни денови се понеделник и вторник, а дека најголемата посетеност е околу 11 часот.

Според овие податоци, оние кои бараат работа, тоа го прават од своите канцеларии. Експертите ова го објаснуваат со фактот дека вработените во понеделник и вторник чувствуваат најголемо нездоволство од својата работа, тогаш тие се демотивирани од почетокот на новите работни обврски, најчесто сметаат дека за платата која што ја добиваат треба да работат помалку и затоа се одлучуваат да побараат нова работа.

Овие ефекти при крајот на неделата го губат својот интензитет бидејќи доаѓа викендот, а вработените тогаш планираат и се ангажираат повеќе околу него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП