25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПомогнете им на блиските во потрага по работа

Помогнете им на блиските во потрага по работа

pomos-bliski

Некој близок од семејството се обидува да најде работа, но сепак нема среќа. Упорно се  пријавува на огласите, но повратни информации нема. Сакате да помогнете? Сакате да се јавите во некој компанија или агенција да им кажете колку вашиот сопруг/а е одличен работник? Немојте тоа да го правите.

 

Еве што смеете да правите:

 

Понудете подршка

Понекогаш и квалификациите не вредат многу, особено кога во Заводот за вработување има толку многу регистрирани невработени лица. Вашата блиска личност треба да биде трпелива, а бидејќи тоа е многу тешко најдобро е да и понудите подршка.

 

Понудете помош

Прочитајте ја неговата/нејзината молба за работа, биографија. Заедно поправете некои поими, реченици, избор на зборови. Одберете неколку прашања кои секогаш се појавуваат на разговорот за работа и заеднички подгответе ги најдобрите одговори.

 

Контакти

Разговарајте со луѓето од својата работна околина. Прашајте ги знаат дали има огласи за работа. Може некој од нив да ви препорача интересна компанија. Барајте информации, контактирајте со луѓе.

 

Овие работи немојте никогаш да ги направите:

 

Да му се јавите на работодавачот или на менаџерот на човечки ресурси

Нема поента вие да му се јавувате на работодавачот во име на вашата блиска личност. На овој начин само може да нанесете штета , бидејќи тоа истовремено кажува како вашата блиска личност нема самоиницијатива.

 

Не ги придружувајте на разговор за работа

Дали тоа е ваш разговор за работа? Ако не е, не треба да сте таму!

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП