19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката „Пиреја“ ќе ги апсорбира грчките филијали на двете најголеми кипарски банки

Банката „Пиреја“ ќе ги апсорбира грчките филијали на двете најголеми кипарски банки

20130323-175858.jpg

Грчката банка „Пиреја“ ќе изврши апсорпција на грчките филијали на „Банката на Кипар“ и „Кипарската Популарна банка“, одлучи грчкиот Фонд за финансиска стабилност (ХФСФ), со што ќе се заштитат депозитите во овие две банки во Грција. Третата по големи кипарска банка „Хеленик банката“ ќе продолжи да работи самостојно.

Како резултат на оваа одлука, филијалите на двете кипарски банки во вторник повторно ќе почнат со работа како дел од „Банката Пиреја“, откако беа затворени повеќе од една седмица, јави дописникот на МИА од Атина. Претставници на „Пиреја“денеска во Кипар ќе го потпишат договорот за апсорпција на филијалите.

Грчкото Министерство за финансии, Народната банка на грција и ХФСФ уверуваат дека филијалите ќе почнат со работа во вторник, понеделник е неработен ден, и ќе продолжт нормално да функционираат.

Со оваа аквизиција, „Пиреја банката“ додава кредитно портфолио од 19,5 милијарди евра и депозити од 12,5 милијарди евра, мрежа од 289 филијали и околу 5.100 вработени.Со ова „Пиреја“ станува вториот по големина столб во кредитниот систем во Грција, пред „Алфа“, со средства од повеќе од 100 милијарди евра, кредитно портфолио од 70 милијарди долари и депозити од 52 милијарди евра. Групата ќе вработува околу 24.000 луѓе и нејзината мрежа ќе надмине 1.700 филијали, откако исто така, ги апсорбира „Геники банката“ и здравата страна на „АТЕ банката“, а се согласи и да ја преземе и грчката филијала на португалската „Милениумска група“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП