20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: Приливот на мигранти нема да влијае на државните кредитни рејтинзи

S&P: Приливот на мигранти нема да влијае на државните кредитни рејтинзи

refugees-welcome-getty-1024x640

Приливот на мигранти во Европа нема да влијае на кредитниот рејтинг на земјите кои обезбедуваат засолниште на бегалците.

Вака гласи анализа на „Standard & Poor’s“ (S&P), цитирана од „MarketWatch“. Но Агенцијата предупредува дека ако имиграцијата не се совлада, тогаш ова може да влијае на рејтингот кај идните финансиски кризи.

Растот на бегалците „нема да има значително влијание врз европските економии и буџетите, што може да доведе до намалување на кредитниот рејтинг, ниту, пак, нема да ги намали значително предизвиците од „стареењето“ со кои европските општества се соочуваат во наредните децении“, прогнозира меѓународната рејтинг агенција.

На краток рок, сепак финансиските последици од кризата со мигрантите се значајни. На пример, догодина германската влада ќе издвои дополнителни трошоци од 6 милијарди евра или 2% од вкупните трошоци, овие дополнителни трошоци ќе бидат компензирани преку намалување на трошоците кои биле за други намени.

Општо земено директните трошоци се чини дека ќе се доста скромни, тврди „S& P“, додавајќи дека очекува скромно зголемување на јавните расходи во други земји.

На долг рок земјите членки на Европската унија, кои обезбедуваат засолниште за бегалците, можат да имаат „малку позитивно влијание“ врз нивниот економски раст, бидејќи новодојденците би можеле да ги олеснат надвиснатите економски и фискални предизвици кои неповолните демократски тенденции ќе ги предизвикаат.

„Приливот нема да ги реши идните проблеми во пензискиот систем и здравството во позадина на се постарото локално население“, смета „S&P“.

Според аналитичарот на компанијата Мориц Крамер, ако миграцијата не се совлада, тоа може да го зголеми популизмот и ксенофобијата, преместувајќи го фокусот од буџетските и структурните реформи.

Општо земено според „S&P“, најголемата двосмисленост е во способноста на владите да соработуваат. Евентуален недостаток на компромис меѓу кабинетите ќе покаже дека ЕУ се уште има проблеми со управувањето, што е клучен фактор за оценките на земјите членки.

Нејзините експертите сметаат дека неспособноста на ЕУ да дејствува колективно и брзо спрема оваа итна ситуација може да значи дека нејзината способност да реагира на евентуална идна финансиска криза, останува под знак прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП