28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанска инвестиција во Штип од 30 млн. евра, најавени 280 работни места

Италијанска инвестиција во Штип од 30 млн. евра, најавени 280 работни места

kondevo-shtip

Италијанската фирма „Кондево“ започна со изградба на фабрика за производство на делови за кондензациски бојлери во Штип, во која ќе се вработат најмалку 280 лица, а целата инвестиција се очекува да достигне 30 милиони евра.

На почетокот на градежните работи на новата фабрика која се гради во ТИРЗ зоната во Штип, во понеделникот присуствуваа премиерот Никола Груевски и сопственикот на италијанската фирма „Кондево“ Рафаеле Џенони.

Притоа премиерот Груевски оцени дека италијанската компанија Кондево е уште една од низата компании кои ги препознаа бизнис условите кои ги нуди Македонија и поволностите кои како Влада ги креиравме за странските инвеститори.

„Благодарение на тоа овој реномиран италијански производител на компонентни за бојлери донесе одлука со која ќе инвестира најмалку 50 милиони евра во својот нов погон во Македонија. Со реализацијата на оваа инвестиција ќе бидат отворени 280 нови работни места за штипскиот регион. Новата фабрика ќе претставува глобален производствен капацитет каде „Кондево“ ќе ги лансира своите нови патентирани производи. Целокупното производство е планирано за извоз со што Кондево уште повеќе ќе го засили растечкиот извоз од Македонија“, рече Груевски.

Премиерот рече и дека италијанската компанија ќе донесе нови знаења, практична работа со високо софистицирана и врвна технологија, со што многу инжинери, квалификувани работници и менаџери ќе имаат да работат во модерна автоматизирана фабрика.

Премиерот потсети дека „Кондево“, е една од оние фирми коишто за инвестирање во Македонија се заинтересирале откако македонската Влада одржа презентација во Палермо.

Сопственикот на италијанската фабрика „Кондево“,Џенони информираше дека минале само 15 месеци откако се заинтересирал да инвестира во Македонија а веќе стартуваат градежните работи.

Кондево“ покажал исклучителна желба да соработува со регионално техничко училиште и штипскиот универзитет за да на студентите и учениците им се понудат стипендии, уникатни програми за обука, лабораториска работа и специјално стажирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП