24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSarthe подготвен за производство

Sarthe подготвен за производство

vencer

Компанијата „Vencer“ ја претстави и производствената верзија на моделот „Sarthe“ по презентацијата на концептот. Официјалната презентација ќе се оддржи следниот месец за време на „Top Marques Monaco“.

Моделот „Sarthe“ се карактеризира со V8 мотор кој генерира 510ks и 650nm максимален вртежен момент, а снагата се пренесува преку шестбрзински мануелен менувач со погон на задните тркала. Тежина на возилото е 1390kg и за забрзување од 0 до 100 km/h потребно е 3.8 секунди. Од „Vencer“ наведуваат дека дизајнот значително е изменет во споредба со концептот од минатата година.

vencer 1

Овој рачно изработен двосед се карактеризира со хибридна шасија и алуминиумска конструкција, додека панелите на каросеријата се изработени од карбон-фибер. Внатрешноста се карактеризира со спортски седишта тапацирани со кожа, широк LCD екран инсталиран во централниот дел на табла на кој се покажуваат сите релевантни информации. Меѓу останатите карактеристики се централното заклучување, електриката на прозори, клима уредот и алармот. Другите детали во врска со овој модел ќе бидат објавени во скоро време, а тогаш се очекува да биде позната цената на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП