25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија пред „голема трансформација“ поради мигрантите

Германија пред „голема трансформација“ поради мигрантите

germanija-migranti

Рекордниот прилив бегалци во Германија годинава ќе предизвика големи економски и демографски промени во земјата којашто сé повеќе има старо население, а одбива да се дефинира како голема имиграциска земја, оценуваат експертите.

Седмицава канцеларката Ангела Меркел изјави дека земјата којашто има околу 80 милиони жители, ќе биде „променета“ со тие реформи. Германија со доаѓањето на големиот број мигранти ќе се промени, оцени во понеделникот канцеларката, ветувајќи дека ќе работи на тоа сите тие промени коишто ги носи со себе големиот бран бегалци и мигранти да бидат „позитивни“ за земјата.

„Ова што сега го преживуваме, е нешто што ќе нé преокупира во претстојните години и тоа нé менува, а ние сакаме таа промена да биде позитивна. Веруваме дека ќе биде така“, изјави Меркел за медиумите по „,многу емотивното и потресно“, како што оцени, доаѓање на 20.000 мигранти во текот на изминатиот викенд во Германија.

Само во 2015 година Германија би требало да прими 800.000 кандидати за азил, а некои функционери сметаат дека таа бројка може да надмине и милион. Тоа претставува рекорд, многу повеќе од претходниот од 1992 година, кога Германија прими 438.000 лица во текот на војните на просторите на поранешна Југославија. Среднорочно, Германија би можела да прима по 500.000 луѓе годишно, предвиде во вторникот вицеканцеларот Зигмар Габриел.

Тоа, пак, зад себе ќе повлече „финансиски трошоци и масовна трансформација на општеството“. „Тешко е да се предвиди дали тоа ќе доведе до отфрлање или напредок“, оценува во разговорот за телевизијата ARD, Мајнхард Миегел, истражувач на општествени науки. Германците коишто би сакале „да останат во светот кој го познаваат нема да имаат друг избор, туку да ги прифатат промените и , веројатно, ќе очекуваат да имаат тешкотии поради тоа“, предупредува Миегел.

Политикологот од Берлинскиот слободен универзитет, Хајо Функе, зборува, пак, за „големиот предизвик“. Промените ќе бидат потребни во неколку сектори, од структурните запишување во училиштата, преку критериумите за примање на мигрантите или постапката за нивно оспособување.

Сегашниот прилив на бегалците и мигрантите би можел да придонесе, барем делумно, за анулирање на демографскиот пад на Германија, чиешто население според Европската комисија, до 2060 година би требало да падне на 70 милиони, доведувајќи го тамошниот пензиски систем во големи тешкотии.

Меѓутоа, она што е најважно, е тоа што бегалците ќе бидат клучни за германскиот пазар на трудот, на кој му недостига работна сила. „Интеграцијата во Германија секогаш ќе биде усогласена со пазарот на трудот и „ и по тоа праѓшање оваа земја „има добар биланс“, појаснува Оркан Косемен, експерт за миграции во фондацијата Bertelsmann.

Повеќето експерти во анкетата на AFP велат дека е тешко да се предвидат културните, општествените или верските промени. На пример, тешко е да се процени или да се знае во кој процент мигрантите се муслимани, или дали воопшто се верници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП