20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСрамежливост на работа: Решете го тој проблем!

Срамежливост на работа: Решете го тој проблем!

sramezlivost1

Луѓето најчесто поврзуваат дека срамежливите луѓе не можат да завршат некоја работа како што можат останатите работници во компанијата.

Покрај тоа, срамежливите луѓе на потежок начин стекнуваат пријателства, со што си ги ограничуваат своите бизнис можности.

Вероника Паркер, психијатар која се занимава со овој проблем вели дека овие луѓе имаат сериозен проблем, тие се срамат од се, од самите себе, од колегите, од околината и за нив бизнис процесот е ноќна мора. Овие луѓе имаат потешкотии во бизнис околината, тие не можат да напредуваат соодветно, делуваат смешно во споредба со времето во кое живеат, и постојано нивната срамежливост им го забавува успехот.

Заборавете на унапредување

Срамежливите личности во суштина вредно работат, но нивните одлични идеи ги чуваат за себе, а кога некој друг ќе ја предложи истата идеја кај шефот тие самите се обвинуваат за неуспех. Овие лица многу тешко доаѓаат до унапредување, поголеми бенифиции и бонуси.

Менувајте се!

Изгледајте пристапно и расположено! Ако се криете зад неутралниот израз на лицето, ќе изгледате непријателски и резервирано. Подигнете ја главата и насмевнете се, сигурно ќе ве забележат, вели терапевтот Ерика Хилард.

Не треба да бидете канцелариски кловн, само бидете духовити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП