23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКреирајте го вашиот тим: Изберете ги овие личности

Креирајте го вашиот тим: Изберете ги овие личности

businessha1

Доколку сакате да постигнете нешто во вашата работа, за тоа ви се потребни добри соработници.

Постојат неколку типови на луѓе кои мора да ги имате во својот тим доколку сакате успех.

Поттикнувач

Тоа е личност која постојано ќе ве турка напред и која ќе ве натера да размислувате. Некој кој ќе ве мотивира постојано да се искачувате на нови скалила. Оваа личност мора да биде полна со енергија и ентузијазам. Оваа личност ќе ги оправда вашите грешки и ќе им докаже на сите дека треба да веруваат во успехот. Оваа личност треба да ја поседува секој тим.

 

Скептик

Оваа личност е „адвокат на ѓаволот“, која поставува тешки прашања и ги гледа проблемите уште пред да се појават. Мора да ја имате и нејзината визија за состојбата. Оваа личност ќе ве заштити од потенцијалните проблеми кои ви се закануваат, таа предвреме ги „намирисува“ и однапред знае во кој сегмент ќе се појават.

 

Одговорен

Оваа личност е гласна и борбена, од вас ќе бара да ја завршите работата. Таа е чувар на импулси, која се залага се да биде направено на време и сите цели да бидат исполнети. Тотално потребна личност, таа ќе ве потсетува на сите обврски кои треба да се завршат, ќе работи и за себе но и за сите кои потфрлиле во работата. Одговорна личност која ќе ги огранизира работите на начин кој води до успех.

 

Пример

Оваа личност е ваш ментор, херој. Личност каква би сакале да бидете. Таа е вистински авторитет. Секој има некоја ваква личност во животот, секој од некого „препишува“, секој некого следи и ги копира неговите потези. Вашиот пример за вас е херој кој ќе ве стимулира да бидете успешни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП