24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија одвои 6 милијарди евра за мигрантите

Германија одвои 6 милијарди евра за мигрантите

berlin

Владејачката коалиција во Германија, предводена од Христијанската унија на канцеларката Ангела Меркел, одлучи да одвои 6 милијарди евра за прифаќање на бегалци и мигранти кои пристигнуваат во земјата, објавија германските медиуми.

Околу 3 милијарди евра ќе бидат вклучени во националниот буџет за 2016-та година, а други 3 милијарди ќе бидат потрошени за федералните покраини и регионалните власти, за да им помогнат во надминувањето на тешката ситуација со новиот прилив на бегалци. Неделното издание на „Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung“ соопшти дека поради големиот прилив на имигранти, како целина германските трошоци за бегалци во 2015-та година ќе изнесуваат околу 10 милијарди евра.

Годишните трошоци за секој бегалец се движат од 12 до 13 илјади евра, во зависност од покраината. Оваа сума вклучува трошоци за домување, храна, џепарлак, медицинска грижа, како и административни трошоци. Парите се 4 пати повеќе од трошоците од минатата година кога во земјата влегоа околу 200 илјади мигранти. До крајот на 2015-та година Германија се подготвува да прифати до 800 илјади бегалци.

Се очекува дека на 9-ти септември Европската комисија ќе објави предлози за воведување на постојан механизам за „праведна распределба“ на бегалци во земјите од ЕУ. Првичниот предлог на ЕК за воведување на квоти за сместување и пренасочување во ЕУ на нелегални мигранти и бегалци од Африка и Блискиот Исток беше блокиран на самитот од лидерите на Велика Британија, Данска, Ирска и голем број земји од Источна Европа.

Од почетокот на 2015-та година на територијата на Европската унија влегле 340 илјади мигранти. Според аналитичарите ситуацијата со нелегалните имигранти во ЕУ во моментов е најтешката миграција криза од времето на Втората светска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП