19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПат до успехот: Замислете ја целта и само напред

Пат до успехот: Замислете ја целта и само напред

Work-Team1

Имате брилијантен бизнис план, но не знаете како да го реализирате? За да постигнете деловен успех потребни се следните работи:

Замислете ја својата цел

Дали можете да замислите вашата идеја да биде реализирана? Секој ден по неколку пати замислувајте ги истите сцени. Тоа ќе ве натера да бидете фокусирани во моментот кога ќе бидете несигурни.

Побарајте совет од најголемиот критичар

Изберете некој за кој сте сигурни дека е многу незгодна личност и претставете му го вашиот план. Прашајте го за искрен совет и доколку вашата идеја не му се допаѓа , запрашајте го зошто. Доколку ви предложи неколку ситни промени, прифатете ги и променете го оригиналниот план.

Најдете сојузници

Идентификувајте ги колегите кои можат да ви помогнат и да ви дадат  поддршка. На тој начин, кога ќе треба да го направите финалниот чекор, ќе знаете дека не сте сами.

Само напред

Сега доаѓаме до моментот „да се биде или не“. Изработете го деталниот план пред да се појавите кај претпоставените. Прво покажете ја суштината на вашите идеи, а потоа објаснете на кој начин таа би можела да функционира. Доколку на почетокот некои работи не можете да ги решите, не се откажувајте обидете се повторно. И повторно! И повторно! Упорноста се исплати!

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП